GoPro ќе претстави нови камери во 2017 година, вклучувајќи HERO 6

24 февруари, 20170
15

GoPro објави дека оваа година ќе видиме нова HERO камера, или поточно HERO 6.

Информацијата не е целосно изненадување, но ги сопре шпекулациите дека проблемите со производството на HERO 5, како и на беспилотниот дрон Karma, може да го одложи доаѓањето на следната акциска камера на GoPro.

Соопштението доаѓа од главниот извршен директор на GoPro, Ник Вудман, кој потврди дека ќе има нови „камери“ кои ќе излезат оваа година, од кои една е HERO6.

Вудман одбил да даде детали во однос на датумите на излегување на овие камери, но тоа најверојатно ќе се случи во текот на есента, бидејќи HERO 5 и HERO 5 Session беа претставени во септември 2016 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *