Ако сакате да изгубите тежина, не заборавајте да јадете во ова време
Некои навистина на успеваат редовно да јадат. Последиците се најчесто, вишок на килограми или други здравствени проблеми.
Познатата австралиска диететичарка Сузи Барел ни укажува на оптималното време кога е најдобро да се земаат оброците, за поголемо согорување на калориите и избегнување на вишокот килограми.
Доручек помеѓу 7 и 8 часот
Се препорачува да започнете со пробиотици, јајца со зеленчук, густ јогурт со овошје или немасно сирење со интегрални житарици. Доручекот да се заврши со зелен чај.
Ручек помеѓу 11-12 часот и 14-15 часот
Ручекот е подеднакво важен како и доручекот. Треба да се земе овој оброк три до четири часа по доручекот, односно кога ќе огладнете.
За да се избегне “грицкањето” помеѓу обрoците, најдобро е да се земат два помали обрoка за ручек. Околу пладне и вториот помеѓу 14-15 часот.
Ручекот треба да содржи јаглени хидрати, салати и протеини.
Вечера до 20 часот
Доцната вечера и раниот доручек треба да се избегнуваат бидејќи секоја вечер е потребно да имаме период без храна, односно од 10 до 12 часа.
За вечера треба да се избере полесна храна, како чорба или супа.