Amazon.com Inc. вработува 5.000 луѓе кои можат да работат од дома во текот на следната година. Повеќето вработени ќе имаат здравствено осигурување, боледување и одмор. Засега, оваа работна понуда со флексибилно работно време во компанијата важи единствено за САД.
Тоа што е особено привлечно кај овие работи е што со нив доаѓаат одредени предности, така оние што ќе работат повеќе од 20 часа неделно ќе добијат животно и здравствено осигурување, потоа постои програма „Career Choice“ во склоп на компанијата која покрива 95% од школарината за курсеви, без разлика дали се поврзани за идната кариера во Amazon.
Компанијата објави дека годинава ќе вработи уште 25.000 хонорарци да работат на сајтот и 100.000 нови луѓе со полно работно време во наредните година и половина.
Не е познато колкава ќе биде платата на оние кои ќе работат од дома, засега хонорарците ќе работат ноќна смена и во викенди.