Бездомник цели 3 години седел на едно исто место, а причината за тоа ќе ви го скрши срцето

31 март, 20170
8

Цели три години бездомникот Виктор Хабард седел на истото место на една улица во Вебстер во Тексас без оглед на временските услови.

За период од 3 години никој никогаш не го прашал зошто седи тука, а властите знаеле дека мора нешто да се направи во однос на ова момче.

Еден ден, жена по име Џинџер Спрауз, одлучила да му пријде. Низ разговорот дознала дека тој има 32 години и дека страда од ментално нарушување. Она што го дознала Џинџер го променило нејзиниот поглед кон овој маж. Причината поради која тој седел три години на истото место навистина го скршила нејзиното срце.

Имено, неговата мајка го напуштила кога имал само три години и оттогаш бил препуштен сам на себе. А, местото на кое стои било местото на кое последен пат таа била видена. На овој начин, тој се надевал дека можеби повторно тука ќе ја сретне неговата мајка.

Џинџер не можела да остане рамнодушна на оваа приказна. Таа одлучила да го вработи Виктор во ресторанот кој го водела со нејзиниот сопруг. Виктор почнал да оди на терапии за да ја лекува својата болест а многу луѓе ширум САД му ја пружиле својата поддршка.

https://www.youtube.com/watch?v=XLqJbAh73Vw

Исто така, му понудиле помош за да ги пронајде членовите на неговото семејство. Џинџер успеала да стапи во контакт со неговиот вујко. Благодарение на него, Виктор повторно се сретнал со неговата мајка. Како што рекол, почувствувал дека го исполнил она што го посакувал со години.

Сепак, ништо од тоа не би било можно без Џинџер. Тој денес ја смета неа за свој ангел чувар.

Срцепарателно, зарем не?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi