Босанка се омажила за 32 години постар милијардер: Неговиот изглед и години за мене не се важни

31 мај, 20170
4

39-годишната Нади Хасандедиќ, која е по потекло од Босна и Херцеговина, се омажила за 32 години постариот мултимилионер од Сиднеј, Невил Кричтон.

Венчавката била најавена како настан на годината во Австралија, бидејќи за неа пишувале сите светски медиуми откако било откриено дека на истата се потрошиле околу милион долари.

Нади Хасандедиќ за “Avaz” дала ексклузивно интервју во кое открила детали од својот приватен живот.

Нејзиниот татко долги години живеел во Австралија пред да се врати во Мостар, каде ја запознал нејзината мајка. По венчавката тие се вратиле во Австралија, каде е родена, а по војната повторно го посетиле Мостар. Само неколку месеци подоцна, таткото на Нади починал.

Во врска со својот споруг многумина ги прозивале поради разликата во години, но таа вели дека совршено се надополнуваат.

nadi02

– Невил ја сака мојата реалност и тоа што имам, како што вели, старинска душа која е слична на неговата, бидејќи тој има млад дух и поглед на животот, па така се наоѓаме на пола. Мојот сопруг сака брз живот, сака да работи и да се забавува, а јас сум спротивно од него, повеќе на земја – изјавила таа.

Открила и како се запознале.

– Се запознавме преку некои пријатели, случајно на ручек за Божиќ. Не мислевме дека меѓу нас ќе се случи нешто повеќе од пријателство, посебно поради разликата во години, но, ете, се случи, бидејќи сфатив дека неговиот изглед и години не се важни – вели Нади.

Нејзиниот сопруг Невил се збогатил со увоз на автомобили, од што заработил 400 милиони долари. Неодамна купил вила вредна 33 милиони долари, во која ќе живее со својата сопруга. Нади е повеќе од задоволна со организацијата на свадбата.

– Венчавката беше бајковита, не можеше да биде поубаво, многу романтично, и што е најважно, сите гости беа задоволни – рекла таа.

Додала и дека не слушале босанска музика на свадбата, а дека омилен пејач и е Халид Бешлиќ и песна “Милјацка”. На венчавката носела венчаница “Ерса Атеље”, од која ги извадила дијамантите бидејќи не сакала да изгледа премногу луксузно. Нивната венчавка ќе ја памети и Универзитетот во Сиднеј, каде свадбата била организирана во нивниот двор.

nadi03

Нади работела за “Christian Dior” во Сиднеј, но никогаш не се занимавала со манекенство. Изјавила дека се вклучува во некои проекти во модниот свет, но дека нема премногу време за тоа, бидејќи се занимава со хуманитарна работа.

Вели дека го памети убавиот живот во Мостар, и дека БиХ секогаш ќе биде дел од неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi