
Тревор Чепмен на интернет продава кинески играчки, како спинери, лежалки на надувување и други слични дрангулии.
ој откако дал отказ на претходното работно место, поради тоа што немал време за семејството одлучил да започне свој бизнис на интернет за којшто вложил само 200 долари.
На неговиот сајт може да најдете голем број на ситници од чија продажба тој заработува многу.
Морате да работите многу, вели Чепмен, исто како и на друго работно место, но за да започнете ваков бизнис не мора да дадете отказ. Неговиот сајт е пуштен на 11 ноември 2016, а основачот за реклама на Фејсбук плаќал дури по 100 долари дневно.
Сепак, тој не бил некој којшто немал допирна точка со продажба. На почеток продавал уметнички дела со религиозна тематика, но по само 10 часа му било јасно дека од ваков бизнис нема да има заработка, па морал да ги промени производите што ги продава.
Во 2017 лежалките на дување стануваат хит на интернет, а тој не е првиот којшто продава вакви лежалки.
По 2 месеци остварува профит од 48 проценти.
Да не должиме, погледнете го видеото: