
Сестрите Кардашијан претераа со своите реални шоуа. Едната готви, другата прикажува апликации, а сега на најмалата, односно на Кајли и текна дека е време да има свое реално шоу во кое ќе се прикажува вистинската Кајли каква што фановите до сега не ја запознале.
Специјално на E! беше прикажан краткиот тизер од шоуто, кое треба да почне да се емитува на 6-ти јули.
– Кога растeш пред камера, сите мислат дека те познаваат. Но, не е така, вели Кајли во краткото видео.