Кој е новиот победник на Евросонг?

popara15 мај, 20171min00
8

Португалскиот претставник Салвадор Собрал е победник на 62 издание на Евросонг, а песната „Амар Пелос Диос“ освои вкупно дури 758 бодови. Неговата животна приказна е навистина трогателна.

Собрал, кој беше седмопласиран во португалското шоу „Идол“ во 2009 година, од јавноста се обидувал да сокрие дека е многу болен, но сè беше откриено кога не успеа на време да стигне во Киев на пробите во пресрет на Евросонгот, бидејќи лекарите не му одобриле да патува.

Дваесет и седумгодишниот Португалец живеел во САД и Барселона, каде што посетувал музичко училиште. По „Идол“ се одлучил да се посвети на компонирањето и комбинирал различни стилови. Минатата година го објавил својот прв сингл „Excuse Me“, а истоимениот албум дојде до 10 место по продажба на албуми во Португалија.

Британски „Метро“ пишува дека на Салвадор итно мора да му биде трансплантирано срце, поради што не можеше ширум Европа да ја промовира својата песна, како што правеа останатите музичари.

Во Украина пристигна без технички проби, а секаде се движи во придружба на сестрата Луиза, која на пробите настапи место братот. Таа е автор на неговата песна, која преведена гласи „Љубов за двајца“.

Братската љубов и емоцијата која Салвадор ја внесе во својот настап без придружни вокали, беа пресудни од пеењето на англиски.