Доктор се степал со медицинска сестра среде операција

popara19 мај, 20171min00
9

На Јутјуб е објавена снимка од една болница во кинески Ланкау, каде е забележана случка која ја запрепасти јавноста.

Имено, среде операциска сала се степале доктор и медицинска сестра, која претрпела тешки повреди.

На снимката се гледа дека медицинската сестра прва се нафрлила на докторот, откако тој фрлил ракавица кон неа.

Потоа докторот ја удирал сестрата со тупаници, а инцидентот би бил уште потежок ако во расправата не се вклучел уште еден од докторите, кој успеал да ја раздели агресивната двојка.

Претставник на болницата во кратко соопштение напоменал дека во моментот на судирот пациентот веќе бил испратен од салата, меѓутоа, од овие кадри може да се извлече друг заклучок.

Поледнете го видеото: