Како што Дубаи има речиси се, а сето тоа е веќе одамна познато, се чини дека наскоро и Венеција ќе можеме да ја разгледаме ниту помалку, ниту повеќе, туку токму во Емиратите!
Јасно, не станува збор за целиот град, туку за значајно намалена пловечка реплика, но таа ќе може да прими дури 3.000 гости!
И тука исто така ќе може да се посети плоштадот Свети Марко, а ќе има и гондоли, канали, мостови… односно сето она што го има во најпознатиот град на вода. Емиратската Венеција се гради на 4 километри од градот, со доволно хотели за да се сместат три илјади гости, од коишто оние најбогатите ќе може да преспијат под морското ниво!
Тука гостите ќе пристигаат со брод, хеликоптер или хидроавон, а ќе уживаат на вештачки плажи, како и во подземниот живот, кадешто ќе може да се нурнат помеѓу коралите. Јасно, на овој комплекс ќе се најдат и традиционалните венецијански продавници, но и фестивали како што е карневалот, па дури и биеналето.
Конструкцијата на целиот комплекс ќе чини околу 500 милиони евра, а нејзината изработка е планирано да започне веќе следната година. Емиратската “Венеција” би требало да биде завршена до 2020-та година и токму тогаш Дубаи ќе биде домаќин на EXPO-то.
Планирано е блискоисточната Венеција да трае најмалку 100 години…