GoPro наскоро ќе претстави нова камера

25 септември, 20170
9 copy

Од GoPro најавија дека до крајот на овој месец ќе биде претставен новиот модел на нивната најпопуларна и најквалитетна акциска камера.

Станува збор за моделот GoPro Hero 6 Black Edition, камера која ќе биде наследник на GoPro Hero 5. Секако, новиот модел ќе пристигне со големи подобрувања во квалитетот и функциите, првенствено кога станува збор за снимањето на видеозаписи.

Новата камера GoPro Hero 6 Black Edition ќе нуди снимање на видео записи во 4К резолуција со 60 fps, односно ќе има опција да снима видео записи во HD резолиција при 240 fps, што нуди одлични можности во постпродукцијата, посебно кога станува збор за забавените (super slow motion) кадри.

Кога се во прашање фотографиите кои што никогаш не биле во преден план, но секогаш нуделе и повеќе од одличен квалитет, GoPro Hero 6 Black Edition ќе може да фотографира со резолуција од 12 мегапиксели.

Добра вест е тоа што сите досегашни додатоци кои што корисниците веќе ги купија за моделот Hero 5, ќе бидат компатибилни и со GoPro Hero 6 Black Edition, затоа што димензиите на акциската камера нема да бидат променети.

Останатите функционалности, како што е респонзивниот екран на задниот дел од камерата, можноста за гласовни команди, водоотпорноста и слично, исто така се загарантирани на „шестката“. Се очекува цената на GoPro Hero 6 Black Edition да изнесува околу 500 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi