Ја оставил девојката а таа освоила 758 милиони долари! Ова е неговата исповед…

popara30 август, 20171min00
8

Поранешниот партнер на Американската која го освои најголемиот џекпот во историјата лесно се справува со фактот што нема да учествува во делењето на нејзиното богатство.

Ричард Лорд живеел во вонбрачна заедница со Мејвис Ванчик до крајот на минатата година, кога ја прекинале врската, а таа му порачала дека „тргнува во подобар живот“.

Ванчук пред неколку дена освои 758 милиони долари на лотаријата Пауербол а Лорд никогаш не ја запросил поради лошото искуство кое го имал во првиот брак.

– Тогаш во разводот останав без 50 % од се, не смеев да ја повторам истата грешка, вели тој.

– Бев во брак 20 години, но тоа се се заврши со голема главоболка. Таа ги доби децата, имав прекрасна куќа, ја доби и неа. Немав ни што ја јадам. По сето тоа, не ми се брзаше повторно да се женам, рече Лорд.

Според законот на сојузната држава Масачусетс, ако Лорд и Ванчик биле во брак во моментот на освојувањето на лотаријата, би морале да ја поделат добивката. Но таа држава не ја признава вонбрачната заедница.

– Среќен сум поради неа. Немам ништо против неа. Се надевам дека ќе ужива во сите тие пари – вели Лорд.

Нејзината добивка на лотарија е втора најголема во историјата – најголема досега беше 1,56 милјарди долари, но е поделен на три двојки, па секој од нив добил по 328 милиони долари.

Ванчик по данокот, вкупно добила 443 милиони во готово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag