Што точно се случува во црните дупки?

30 август, 20170
7

Физиката не може да опише што точно се случува во внатрешноста на црните дупки. Затоа теоријата за релативност се судрува со квантната механика и се создава она што ние го нарекуваме сингуларитет, односно точката кога резултатите од една единица стануваат бесконечни.

Неодамна научниците ја примениле таканаречената теорија за квантна гравитација за истражување на црните дупки и нивната внатрешност, а резултатите како што велат, ветуваат многу.

Направија голем чекор бидејќи сега многу покомпетентно можат да опишат што точно се случува во и околу црната дупка со помош на квантната гравитација – вели Абхеј Аштекар, физичар кој ја истражува оваа област на универзитетот во Пенсилванија.

Црната дупка се појавува кога голема ѕвезда ќе умре поради недостаток на гориво, при што се случува експлозија и тоа е нејзиниот крај. Надворешните слоеви при тоа се исфрлаат во космосот, додека јадрото под дејство на гравитацијата се згустува до таа мера што според теоријата за релативност, оваа област е единствената точка во просторот и времето и густината овде е бесконечно голема. Тоа се нарекува сингуларитет.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi