Потребни состојки:
- 50мл сок од јагоди
- 80гр малини
- 80гр боровинки
- 6 лажици слатка павлака
- 250гр маскарпоне
- 150гр крем сирење
- 2 лажици шеќер во прав
- 1/2 лажиче рендана кора од лимон
- 6 бисквити
- околу 50мл кафе
- За посипување- рендано чоколадо
Подготовка:
Подгответе десертни чаши.Овошјето измијте го и оставете да се исцеди, во меѓувреме сварете го кафето. Во подлабок сад ставете го маскарпонето, крем сирењето, слатката павлака,шеќерот и кората од лимон. Кратко изматете со миксер за да се спојат сите состојки.
Во друг сад ставете го сокот од јагоди и кафето. Натопете ги бисквитите со оваа мешавина и распоредете ги во чашите. Врз нив ставете од мешавината овошје и одозгора ставете од кремот со маскарпоне.
Да одстојат фрижидер 1-2 часа. Пред послужување одозгора нанесете го ренданото чоколадо.