Мистерија од која замрзнува крвта: Нешто ги убива големите бели ајкули и им ја јаде само утробата

popara30 јуни, 20171min00
6

Неколку лешови од умрени бели ајкули се појавиле на морскот брег на Јужна Африка а од нивното тело хируршки прецизно бил отстранет црниот дроб, додека кај две ајкули недостасува и срцето.

За биолозите овие лешови биле тотална мистерија, но по подолго теоретизирање, ги насочиле сомнежите кон орките, односно китовите убијци кои напаѓаат делфини, пингвини, фоки, па дури и други китови.

Можат да пливаат со брзина од 30km/h, а се смета дека се најинтелигентните животни за кои многу работи не се откриени, посебно кога станува збор за нивната развиена комуникација.

Обдукцијата ја спровел тимот за зашита на природата Dyer Island, а ја водела Алисон Таунер. Откриле дека станува збор за леш на мажјак од голема бела ајкула и во релативно свежа состојба на распаѓање. Му недостасувале црн дроб, желудник и тестиси, а пред смртта обилно крварел.

Лешот е долг 4,1 метар, а тоа што ги потврдило орките како најверојатни извршители е тоа што активно патролирале на местото на злосторството. Најголемата пронајдена распарчена ајкула била догла 5 метри.

Постојат неколку тези поради што китовите јадат само некои од органите на ајкулите, наместо целото нивно тело. Изгледа дека тоа не е необично за нив, бидејќи тие понекогаш убиваат китови и ги јадат само нивните јазици, а тоа е бидејќи некои органи содржат повеќе нутритивна енергија од некои други.

Сепак, постои сомнение во таа идеја, бидејќи китовите мора да потрошат многу енергија на убивање на големата бела ајкула.