Направете ги овие украси во форма на елка. Може да ги направите така што ќе мирисаат на ароматични зачини, а дополнително може да ги користите и како украс во вашата кујна или новогодишната елка.
Одберете материјал и од него исечете два триаголника, на врвот вментете конец, па спојте и зашијте ги страните. (еден дел на долната страна оставете незашиен).
Во тригаолникот ставете мешавина од зачини по желба (каранфилче-мелено или цело, цимет,сушена кора од портокал…).
Како стебло на елката може да искористите стапче од цимет и потоа зашијте го отворот на долната страна. На крај, искористете ја својата креативност и украсете ја миризливата елка со чипка или копчиња.