Потребни состојки:
- 8 ленти димена сланина
- 500 гр пилешко бело месо
- 500 гр свеж спанаќ
- 3-4 лук/кромид
- 4 шолји млеко
- 400 гр таљатели
- По вкус сол, мелен црн бибер
- Малку маслиново масло
- 1 шолја рендан пармезан
Подготовка:
Исецканата сланина ја пропржуваме. Пилешкото месо, исто така го сецкаме на мали парчиња и го додаваме во садот со сланината, посолуваме и додаваме бибер, и пропржуваме. Смесата ја ставаме во друг сад. Во истото тавче додаваме маслиново масло, кромид и лук и истите ги пропржуваме. Го додаваме спанаќот. Динстајте и додадете ги 4-те шолји млеко. Додадете ја тестенината и оставате да врие. Пред крајот, додадете ја сланината и пилешкото. Тргнете го садот и додадете го пармезанот. Buon appetito!