Пет причини поради кои врската помеѓу пријатели е добра идеја

29 декември, 20170
8

Многумина мислат дека пријателството помеѓу момците и девојките не постои, односно дека е прашање на време кога некој од нив ќе развие емоции за другиот. Ако веќе се појавуваат романтични емоции, најдобрата варијанта е ако тие се обострани. Врските помеѓу личности кои претходно биле пријатели имаат навистина големи предности, а во продолжение ви одвојуваме неколку од нив.

Добро се познавате

Знаете како велат дека во почетокот на врската луѓето воопшто не личат на себе, односно постои извесна глума што потоа постепено се губи. Кога започнувате врска со својот пријател, тоа го нема. Комплетно сте свои и ги знаете сите недостатоци, лошите страни… Не можете да бидете изненадени од некој недостаток. Доброто за вас е што таа личност ве видела во вашето најлошо издание и сепак останала покрај вас. Значи, знаете што можете да очекувате еден од друг во поглед на добрите и лошите страни.

Се чувствувате удобно еден покрај друг

Причината поради која толку време сте пријатели? Едноставно функционирате и можете да бидете комплетно слободни. Во врската со нова личност е потребно време за да се почувствувате удобно (во почетокот ве разјадуваат мислите за тоа дали можете да речете нешто или дали е вистинското време да покажете некоја своја карактеристика), а со пријателот/пријателката не ја чувствувате потребата да импресионирате некого. Таа личност многу добро ве познава.

Секогаш има теми за разговор

Многу врски се распаѓаат во моментот кога ќе помине страста и ќе сфатите дека немате ништо заедничко. Кога се пријателите во прашање, темите на разговор се неисцрпни – веќе има основа на која сте го изградиле пријателстовото, имате многу заеднички работи. Не треба да се плашите од помислата – што ќе се случи кога ќе исчезне првичната страст?

Точно знаете кој како сака да го минува времето

И најдобрата работа е што вообичаено имате ист вкус, па и местата и начинот на кој сакате да го минувате времето е речиси идентичен. Нема кавги бидејќи едниот сака едно, а другиот сосема трето.

Со самиот факт што сте пријатели, вие сте во предност

Врската со нова личност значи дека треба со неа да изградите блискост за која ќе треба време, а и не можете да знаете дали тоа ќе успее. Со пријателите, таа блискост веќе ја имате и на тој начин сте веќе во предност. Освен тоа веќе ги познавате и сте прифатени во заедничкиот круг на пријатели, запознаени сте со семејството и генерално речиси и да не постои нешто што може да ве изненади во поглед на личноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi