Линдзи Лохан ја касна змија на Тајланд

29 декември, 20170
9

Холивудската актерка Линдзи Лохан божикните и новогодишните празници ги минува на Тајланд. Актерката секојдневно објавува фотографии од нејзиното патување, а на една од нив напиша дека ја гризнала змија, но дека е добра.

„Го сакам ова место, прекрасно е, извонредно, освен што ме гризна змија. Додека пешачев ме нападна и ме гризна пред некој ден“, напиша таа и додаде: „Позитивната страна е што сум добра. Среќна Нова година“.

Линдзи напишала дека веднаш посетила шаман кој ѝ рекол дека гризнувањето од тој тип змија е знак на среќа и позитивна енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *