Погледнете каква секси убавица е идната сопруга на Меси

popara20 јуни, 20171min00
3

Лионел Меси на својот 30-ти роденден на 24-ти јуни ќе се ожени за својата долгогодишна партнерка Антонела Рокузо. И додека тој ден се очекува со нетрпение во јавноста, познатиот пар ужива во Италија.

Имено, славниот пар го поминува својот одмор во друштво на пријателот и некогашен соиграч на Меси, Цеск Фабрегас, и неговата девојка Даниела Семан.

И двата пара се во Италија заедно со своите деца. Антонела и Лео на секое патување со себе ги носат синовите Тиаго и Матео, а сега им се придружиле и наследниците на Фабрегас, ќерките Лиа и Капри и синот Леонардо. Но, во центарот на вниманието е идната сопруга на Меси која изгледа се` подобро и подобро.

Сексапилната Антонела дефинитивно е една од најубавите жени на светските фудбалери, заедно со Ана Ивановиќ и споменатата Даниела Семан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *