Принцот Чарлс се оженил со Дијана по наредба на татко му

27 март, 20170
4 copy

Принцот Чарлс стапил во брак со принцезата Дијана затоа што неговиот татко му испратил заканувачко писмо во кое му кажал да ѝ предложи брак бидејќи „нејзиниот углед бил ценет и почитуван“, пишува Daily Mail.

Чарлс бил во паника откако ја добил пораката од принцот Филип, во услови кога кралското семејство стравувало дека неговата неодлучност може да се протолкува дека ја оспорува честа на Дијана.

Тој сметал дека принцот Филип, кој со синот комуницирал со писма, а не со директно обраќање, всушност му издал наредба „мораш да се вериш“.
Според семејната пријателка Памела Хикс, Чарлс „не бил вљубен во Дијана“, тој не бил ментално подготвен за таков чекор.

Ова необично трврдење го има во новата биографија на Чарлс, дело на најпродаваниот автор на New York Times и биограф на кралското семејство Сали Бедел Смит.

Таа наведува како Чарлс и Дијана воопшто не си одговорале од самиот почетокот на нивниот несреќен брак во јули 1981 година.

„Чарлс стапи во брак со Дијана, поранешна учителка во градинка, затоа што неговата вистинска љубов, сега негова втора жена, Камила, војвотката од Корнвол, не беше доволно девствена за кралската традиција“.

Во текот на нивните расправии во палатата Кенсингтон Дијана се подбивала со Чарлс велејќи му дека “никогаш нема да биде крал”.

Бедел Смит, тврди дека Дијана го удирала Чарлс по главата кога тој клекнувал да се моли до нивниот кревет ноќе, и дека продолжувала да го прекорува за време на неговата молитва.
Книгата јасно покажува дека вистинската животна љубов на Чарлс е Камила (69) која ја запознал уште во 1972 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi