
Доколку имате куче, тогаш ви е јасно колку им е тешко кога ги оставаме. Веројатно и вие на неколку минути помислувате на нив, се прашувате што прават и како се, а тоа може да ви го расипе одморот, доколку се поврзани со нив.
Бројни хотели имаат строга политика кога станува збор за домашни миленичиња – поточно, не дозволуваат нивен влез, а тоа е главна причина поради која ги оставаме дома за време на нашиот годишен одмор. Сепак, доколку вашата дестинација е Грчка, имаме одлични вести за вас.
Вашето куче ќе добие одличен третман во Danai Beach Resort, кој е сместен во северниот дел од државата. Овде ќе ги дочека сад со вода, удобен кревет во собата на сопственикот, како и посебна лежалка покрај базенот.
Секоја вечер, вашето куче може да ужива во гурмански оброк, а во текот на денот безгрижно да игра со безброј играчки кои му се на располагање. Спа сесија за домашни миленичиња станаа прав хит, па секако дека се дел и од ова одмаралиште.