Споени близначки кои делеле ‘рбет, бешика, матка и црева одделени со една од најризичните операции некогаш изведени

26 јануари, 20170
9

Ова била една од најкомплицираните операции што се некогаш изведени.

На прес конференција вчера, докторите изјавија дека успешно ги одделиле 11-месечните девојчиња близначки, Балени и Белани Камачо од Доминиканска Република по 22-часовна процедура.

После повеќе од три месеци подготвување, девојчињата, кои биле споени во долниот грб, се опоравуваат после нивната операција во оддел за интензивна нега.

Споени близнаци се раѓаат едно на околу 200.000 раѓања, но близнаци споени во колкот – наречени пигопаги – се екстремно ретки.

Докторите морале да ги одделат гастроинтестиналните проводи, бешики, репродуктивни делови и долните делови на ‘рбетниот столб на девојчињата, со 23 проценти шанса за смрт.

Но прогнозата изгледа добро и, доколку не излезат некои компликации, девојчињата ќе се вратат дома за само неколку месеци.

На емотивна прес конференција, родителите на близначките, Марино Абел Камачо и Лорилин Селадија Марте, се заблагодарија на Детската болница Марија Фарери во Валхала, Њу Јорк, САД, кадешто девојчињата престојуваат уште од минатото лето.

Лорилин изјави: „Вечно сме благодарни на Детската болница Марија Фарери. Ви благодариме што го прифативте предизвикот кој ни ги промени нашите животи. Нашето семејство незнае како можеме да ви се оддолжиме за ова што ни го пруживте, но се молиме на Бога да ве благослови сите.“

Откако разните хирурзи имале разговор во врска со изводливоста на операцијата, тие почнале да се подготвуваат за комплексната операција.

Медицинските тимови извеле неколку вежби користејќи 3Д модели од долниот дел од телото на девојчињата од КАТ скенови и магнетна резонанца.

The six steps surgeons took to separate Ballenie and Bellanie are shown in this X-ray image of pygopagus conjoined twins

Балени и Белани биле споени во сакрумот, триаголната коска на дното на ‘рбетот. Тие споделувале гастроинтестинални врски и гранка на хипогастричната артерија, која е главниот носител на крв до карличниот регион, колковите, бутови и репродуктивните органи.

Операцијата, која почнала на 17 јануари и траела до утринските часови на 18 јануари, вклучувала повеќе медицински тимови и сестри, вклучувајќи неврохирурзи, ортопедски, уролошки, гастроинтестинални, педијатриски и пластични хирурзи.

„Тоа беше обземачко чувство што не верувам дека некој од нас ќе го искуси повторно. Имаше гордост, благодарност и едноставно возбуденост што успеавме да го постигнеме ова за нив. Балени и Белани се силни колку што се и убави и ова динамично дуо е добро после многу долга и комплексна операција,“ изјави педијатрискиот хирург Др. Самир Пандја за Today.

Прогнозата за близначките е добра. Ќе ги преместат од одделот за интензивна нега на 30 јануари, но тие сепак ќе се опоравуваат неколку недели во Детската болница Марија Фарери.

Идентичните близначки се родиле со цезарски рез во февруари 2016 година во Мока, Доминиканска Република. Лорилин знаела дека чека близнаци, но не знаела дека бебињата се споени.

Кратко време потоа, помалата од близначките, Балени, била дијагностицирана со вродена срцева маана. Докторите ги предупредиле нејзините родители дека таа би можела да умре.

Во текот на летото, Лорилин и Марино ги донеле девојчињата во Детската болница Марија Фарери, каде семејството почнало да се подготвува за процедурата која ги оддели близначките.

Операцијата за одделување била најзначајната во серија операции изведени на Балени и Белани во болницата. Претходните процедури, кои вклучувале гастроинтестинални и реконструктивни хируршки зафати, помогнале да се подготват девојчињата за нивната уникатна операција.

Реконструктивната операција вклучувала проширување на кожата во текот на неколку недели за да може да се затвори одделувањето.

Повеќе операции биле изведени врз девојчињата во период од 22 часа.

Ballenie and Bellanie's conjoined attachment - which occurs in the spine but leaves each twin which separate limbs - is extremely rareThe babies are recovering well in the ICU, doctors say

Докторите Витни МекБрајд и Пандја успешно ги одделиле гастроинтестиналните врски на девојчињата и ја поделиле хипогастричната артериска гранка, овозможувајќи нормален крвоток во нозете на девојчињата.

Потоа хирурзите ги одделиле врските во  ‘рбетниот столб и структурите во сакрумот.

Докторите потоа го одделиле мекото ткиво што ги поврзувало девојчињата, додека пластичните хирурзи подготвувале кожа да ги затворат отворените рани.

На крај, генитоуринарните тракти на девојчињата – бешиките и репродуктивните делови – биле одделени пред да се затворат нивните рани.

Ова е втор пат каде минимално-инвазивна операција е извршена во дијагнозата и третман на споени близнаци, пружајќи им на хирурзите појасна слика за тоа како биле споени дигестивните тракти пред да почне процедурата.

Др. Мајкл Гевиц, главен доктор, рече: „Одделувањето на Балени и Белани беше значителен потфат кој беше успешен благодарејќи на вештините, посветеноста и постојаната подготовка на мултидисциплинарниот тим од педијатриски специјалисти тука во Детската болница Марија Фарери. Тимот се среќаваше редовно со месеци, користеше нови технологии за дијагнози, нарача лични, три-димензионални модели од анатомијата на девојчињата и изведе симулативни процедури да се осигура успешен резултат.“

„Балени и Белани сега можат да живеат независни животи и не можевме да бидеме посреќни што ја пружаме оваа „слобода“ на девојчињата и нивните родители, Лорилин и Абел.“

Девојчињата сé уште ќе бидат во болница кога ќе го прославуваат нивниот прв роденден на 4 февруари. Но, доколку не произлезат компликации, тие ќе се вратат дома наскоро и ќе им се придружат на нивните сестри Лина Бел (2) и Шили (10).

The girls' parents, Marino Abel Camacho and Laurilin Celadilla Marte, did not know they were conjoined prior to birth. Conjoined twins occur in about one in 200,000 births.

И покрај шегата на Марино дека прво нешто што ќе направат е да отидат на плажа, Лорилин гледа подалеку во иднината. Таа изјави за Today: „Сакам да ги видам моите ќерки здрави и независни. Сакам да одат во школо и да си играат слободно. Дури и ако се во количка, но само да се слободни и независни.“

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi