Тајван забрани кучешко и мачешко месо

popara13 април, 20171min00
17

Тајванскиот парламент донесе закон со кој се забранува колење на мачки и кучиња за производство на месо за човечка исхрана. Со истиот закон се забранува корисниците на автомобили и моторцикли да ги влечат своите миленици додека возат.

Законот предвидува парични и затворски казни до две години, а имињата и фотографиите на прекршителите ќе бидат јавно објавувани, така што дел од казната ќе биде и јавно понижување.

Ова е прв ваков закон донесен во Азија.

Тајван во 2001 година забрани продажба на месо од овие животни, од економски причини.

Месото од мачки и кучиња беше дел од исхраната на луѓето на островот, а денес овие животни се сметаат за членови на семејството.