Таа никогаш не можеше да поверува дека нејзиното бебе, старо само десет дена, настрадало во позарот во 1997 година во Филаделфија.
Луз Куевас ја препознала својата ќерката Делимар, благодарение на дупчињата на образите, на детскиот роденден и ја искористи можноста да земе примерок од нејзината коса и да ја употреби за ДНК анализа.
Тажната мајка ја пронајде својата ќерка, иако пред шест години и кажале дека изгорела во пожар.Таа никогаш не можела да поверува дека нејзиното бебе, старо само десет дена, настрадало во пожарот во Филаделфија во 1997 година.
Луз се здобила со изгореници на лицето и се онесвестила од чадот, а кога се разбудила, викала дека нејзиното дете е киднапирано.
Таа навела дека неколку работи и биле сомнителни.
– Влегов во собата и видов празно креветче. Прозорецот беше отворен, иако беше студена зимска вечер, тврди таа.
Но, полицијата ги отфрли нејзините тврдења, убедувајќи ја дека нејзиното дете изгорело во пожарот.
Шест години подоцна, Луз на детска роденденска забава здогледа темнокосо девојче, Алаја Хернандез, со дупчиња на образите кои од некаде и беа познати. Користејќи го трикот со мастика во косата, таа добила позитивен ДНК тест кој покажал дека тоа е нејзината ќерка. Жената, која се претставувала како мајка на Алаја, е роднина на сопругот на Луз, Керолајн Кореја.
По вториот ДНК тест, детето беше одземено и таа беше уапсена.
Керолајн го украде бебето и подметна пожар со цел да ги прикрие траговите. Ја однела во Њу Џерси и ја одгледувала како своја.
Алаја се спротивставувала и плачела кога беше одвоена од нејзините старатели, но кога ја запозна биолошката мајка, таа веднаш почуствува блискост. Таа дури и и кажа дека знае дека и е “мајка”.
Керолајн беше осудена на девет до триесет години затвор.