77-годишната чистачка ја криела тајната, се додека вработените во училиштето и учениците не и приредиле животно изненадување!

popara28 август, 20181min00
vaktis4

Родендените се навистина посебни. Секоја година се радуваме на прославата на уште една година во нашиот живот, но исто така се радуваме на родендените на луѓето што ги сакаме. Ова е одлична можност да им покажеме дека тие се едни од омилените луѓе во нашите животи.

Во видеото можеме да  ја видиме Френсис Бузард (77), која е чистачка во основното училиште “Belle” во Западна Вирџинија. Таа се грижи целото училиште да остане чисто па е најважната личност во тоа училиште кога станува збор за санитарни работи. Таа е исто така славеничка во ова видео.

Кога директорот на училиштето сфати дека оваа грижлива дама никогаш немала роденденска прослава, училиштето одлучи да направи нешто во врска со тоа. Бидејќи на денот на роденденот не беше во училиште, вработените и учениците одлучија да ја изненадат неколку дена порано.

Тие организираа собир во салата и сите беа поканети да дојдат. Кога г-ѓа Френсис влезе во салата, сите со ист глас викнаа “Изненадување!”. Толку добро го беа скриле тоа изненадување што таа не знаеше што се случува додека не влезе во салата.

Таа ја доби својата круна и седна во средината на салата, каде што можеше да ја види видео презентацијата на нејзиниот живот што учениците ја составија. Тоа беше специјален и посебен момент за сите присутни, особено за неа.

Видете го ова прекрасно изненадување во видеото што е прикачено:

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag