И ние се надеваме дека тоа нема да се случи!
Поранешниот американски бејзбол играч Алекс Родригез (43) беше гостин во шоуто „Good Morning Britain“, а откако водителот Пирс Морган рече дека Ј. Lo изгледа „божествено“, Алекс се насмеа на тоа рече: „Јас само се надевам дека едно утро нема да се разбуди и да ми каже: „Твоето време истече, збогум“!
Тие се заедно една година и се чини дека нивната љубов е стабилна и цврста. Тие веќе купија заеднички стан во Њујорк во вредност од 15,3 милиони долари, а нивните деца фантастично се согласуваат.
Зборувајќи за претстојните празници и како ќе ја изненади Џенифер за Божиќ, Алекс откри дека не сака само да излезе и да купи нешто многу скапо.
„Мора да биде нешто креативно. На Џенифер, повеќе и значи некоја рачна изработка или слика, отколку скап подарок. Тоа мора да биде нешто подарено од срце и нешто што ќе биде спомен во кој се вклучени нашите деца и нашиот заеднички дом“, откри Родригез.