Компанијата Apple наводно работи на огромна верзија на IPhone X, која би можела да го носи името IPhone X Plus.
Освен огромниот iPhone X, Apple најверојатно подготвува и поевтина верзија на тој телефон.
Се очекуваат и нови бои.
Се на се, Apple оваа година би требало да претстави три телефони – голема верзија на iPhone X, унапредена верзија на истиот модел, како и негова поевтина верзија која ќе го задржи дизајнот и поедини функции, но ќе остане без скапите опции, како лед екранот.
Компанијата се надева дека на тој начин ќе ја поттикне продажбата на iPhone X.