Аријана Гранде со емотивна порака на годишнината од терористичкиот напад во Манчестер

23 мај, 20180
5

Аријана Гранде им изрази сочуство на своите обожаватели на годишнината од терористичкиот напад кој се случи на нејзин концерт во Манчестер.

„Мислам на сите вас, како денеска, така и секој ден. Ве сакам со цело мое срце, и ви ја испраќам сета моја топлина којашто ја имам на овој тежок ден“, напиша таа.

Во бомбашкиот напад на исламист на концертот во Манчестер лани беа убиени 22 лица, а повредени околу 500, од кои повеќето деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *