Природна маска за детоксикација на косата

23 мај, 20180
4

По сè изгледа глината е добра за косата, исто како што е добра и за остатокот од телото – ги отстранува токсините од косата и ја прави супер чиста, сјајна и со волумен.

Состојки

• 1 шолја чај од билки * или вода

*различните билки имаат различен ефект врз бојата на косата. Во зависност од тоа дали имате светла или темна коса, користете ги следниве мешавини соодветно:

– за светла коса: 2 лажици камилица и 1 лажица листови од коприва во 1 шолја зовриена вода

– за темна коса: 2 лажици рузмарин и 1 лажица листови од коприва во 1 шолја зовриена вода

• ½ шолја природен оцет од јаболко

• ¾ шолја глина во прав

• 10 капки етерично масло (по желба)

Начин на подготовка

Подгответе пластичен, дрвен или керамички сад, бидејќи глината е најефективна доколку не дојде во допир до метал. Можете да користите и блендер, за да ги измешате состојките.

Чајот од билки оставете го да отстои 15тина минути, а потоа процедете и оставете го да се олади.

Чајот и јаболковиот оцет ставете ги во садот, а потоа полека додавајте ја глината лажица по лажица и постојано мешајте. Смесата која што ќе ја добиете треба да биде еднаква и со текстура на јогурт. Потоа додадете ги етеричните масла.

Маската можете да ја чувате во пластичен сад, на темно и влажно место најмногу една седмица.

Употреба

Користете ја маската на влажна коса. Мачкајте прамен по прамен почнувајќи од коренот кон врвовите на косата. Откако ќе ја намачкате целата коса оставете ја маската да делува од 5 до 20 минути. Потоа исплакнете ја косата како и вообичаено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi