Мед од манука: Здрава храна која убива бактерии отпорни на антибиотици

23 мај, 20180
3

Медот од манука со право се смета за најздравиот мед на светот, кој се добива од билката манука која расте само во Нов Зеланд и во некои делови од Австралија.

Овој мед е најпознат и по своите благородни дејства при најразлични воспаленија, а помага и при лечење на бактерии отпорни на антибиотици.

Во продолжение ви откриваме зошто овој мед би требало што побргу да почнете да го користите.

Убива бактерии

Медот од манука поради своите антибактериски својства во медицината се користел илјадници години, најмногу за лечење на инфекции на кожата.

Медот од манука има посебни антибактериски својства кои помагаат при разни инфекции.

Подобра нега на кожата

Медот од манука е познат и по позитивни ефекти кои ги има врз кожата, односно претставува прв чекор во нега на кожата, посебно на онаа која често е подложна на воспаленија, истакнува дерматологот Џенифер Сегал.

Подобар сон

Заборавете на несоницата на тој начин што пред спиење ќе земете една лажичка од овој мед.

Кога се зема во мали дози пред спиење, медот од манука може да помогне при продукција на мелатонин во мозокот, кој го регулира циркадијалниот ритам – биолошки метаболички часовник и на тој начин го олеснува спиењето.

Помага при алергии

Една лажичка манука мед секојдневно е одличен начин да ги победите сезонските алергии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi