Боб против лоб, која фризура победи во 2018.?

13 декември, 20180
боб 3

Celebrity фризури кои ја одбележаа оваа година.

Познатите дами ги менуваат фризурите речиси толку често како што ги менуваат чевлите. Многумина изминатава година на главата ја износеа целата палета на бои на виножитото.

Ким Кардашијан, веројатно, ги надмина сите со неонската екстра долга перика, но дефинитивно не е најдобрата фризура на годината. Ким во јули се појави со црна боб фризура што одлично и стои, но неколку дена подоцна таа се појави со надградба на коса.

Карди Б, кога стана мајка, драстично ја скрати косата, а црната кратка коса ѝ даде нова доза на сериозност која не ја гледавме често кај неа.

Ријана, исто како и Ким Кардашијан, сака перики и екстензии, но во еден момент ја покажа вистинската коса и тоа во форма на боб инспирирана од деведесеттите.

Во мај, Мила Кунис се појави со шишки кои одлично и стојат, нагласувајќи ги очите со боја на лешник, а на почетокот на годината со шишките си поигра и Ема Ватсон.

Софи Тарнер од огнено црвена стана ледено бела дама со лоб што совршено и прилега.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi