Парис Хилтон во нова мисија, бара заинтересирани момци!
Богатата наследничка, Парис Хилтон неодамна ја раскина веридбата со актерот Крис Зилк, а сега бара момче со кое би можела да се реализира во улогата на мајка! Според британскиот печат, Хилтон, „активно работи“ во потрагата по донатор со чија помош по пат на ин витро ќе стане мајка.
Париз (37) нема среќа во љубовта во последниве години, па одлучи да ги „прескокне“ врската и бракот и да стане самохрана мајка. Нема да и биде тешко затоа што нејзиниот имот е проценет на повеќе од 300 милиони долари.