Дали знаете колку заработив оваа година?

popara22 ноември, 20181min00
fdgfg

Магазинот „Forbs“ објави листа од 10-те најплатени пејачки во 2018. година.

Кети Пери го превзеде тронот на досега најплатената пејачка – Beyoncé! Во текот на оваа година, таа заработила дури 83 милиони долари, односно нешто повеќе од еден милион долари од секој настап.

Покрај тоа, таа, наводно, платила 20 милиони долари за нејзината улога во шоуто „American Idol“.

Благодарение на фактот дека нејзиниот албум „Reputation“ е продаден во два милиони примероци во првите седум дена од објавувањето, Тејлор Свифт оваа година е на второто место на „Forbs“ со заработка од околу 80 милиони долари.

„Forbs“ напоменува дека Свифт многу лесно можела да стигне до првото место на листата, но дека нејзината турнеја била закажана за тековната година.

На трето место е Бијонсе, која оваа година го издаде првиот албум со нејзиниот сопруг и оваа година заработи 60 милиони долари.

„Вреди да се биде Pink“, изјави „Forbs“, додавајќи дека оваа познатa пејачка заработила 52 милиони долари во 2018 година.

Со 66 настапи, филмот „A star is born“ и договори со познатите модни куќи, Лејди Гага заработи 50 милиони долари оваа година.
Дека нема да застане на свои 49 години покажа Џенифер Лопез, која заработи 47 милиони долари и е на шестото место како најплатена пејачка.

Светската ѕвезда од Барбадос, Ријана, заработи 37,5 милиони долари, иако таа не била на турнеја од 2016 година. Најмногу пари оваа година заработи од козметиката и долната облека за жени.

Хелена Фишер е побогата за 32 милиони долари после, според „Forbs“, феноменалната турнеја на која што заработила повеќе од еден милион долари од настап. Заработила над половина милион долари за една вечер во Лас Вегас и речиси двојно повеќе од арените во Европа.

Селин Дион лесно се искачи на цифра од 31 милион долари, заработени за оваа година. На последното, 10 то место, со 30 милиони долари, се наоѓа Бритни Спирс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma