Двајца стари луѓе на метал фестивал! Полицајците едвај ги натерале да излезат од свирката!Неколку постари мажи избегаа од старечки дом во Германија за да присуствуваат на хевиметал фестивал!Дедовците избегаа од старечкиот дом во петокот вечерта за да присуствуваат на фестивалот Wacken Open Air, најголемиот фестивал на хеви метал во светот.”Дојче Веле” пишува дека персоналот на старечкиот дом ја повикал полицијата во моментот кога откриле дека двајца станари се водат за исчезнати, но полицијата брзо ги пронашла …Некаде околу тројката, “весели и дезориентирани”!
Мажите не сакале да го напуштат фестивалот кога полицајците дошле за нив, но тие морале да се вратат – со патролниот автомобил до старечкиот дом.”Им се допадна таму”, изјави портпаролот на полицијата за локалниот печат.Фестивалот беше распродаден во текот на сите денови (1-4 август), а меѓу хедлајнерите беа: Judas Priest, Danzig, In Flames, Hatebreed и други.