Родена е како нормална бебе, а потоа полни четири месеци, а докторите гледаат шокирани што се случува – немаат решение бидејќи не е видено нешто слично претходново светот.
Чахат Кумар од Панџаба е родена со нормална тежина, а по поминати четири месеци почнува да добива гигантска големина!
Не застанувала со раст – со осум месеци тежиела 17 килограми со тенденција да бидат многу повеќе.
Нејзиниот татко, Сурај (23) вели дека во првите четири месеци се било во ред, а потоа се дебелееше се повеќе и повеќе од ден на ден, а нејзиниот апетит не застанувал.
– Пред неа имавме син, кој почина. Тогаш ја добивме Чахат и многу се грижевме за неа – вели мајката Рина (21), додавајќи дека девојчето јаде четири пати поголеми порции од препорачаните за деца на нејзина возраст.
– Воопшто не е како нормално дете! Постојано јаде и ако не и дадеме храна не престанува да плаче! – вели мајката.
Многумина ги обвинуваат токму родителите за дебелината на девојчето.
– Ништо не ми е криво, бог ја создаде таква. Ништо не е во наши раце – се бранат родителите. Девојчето, во меѓувреме, има проблеми и со спиење и со дишење, а има и абнормално дебела кожа, поради што докторите кажуваат дека е речиси невозможно да земаат примероци од крв.Сепак, кажуваат лекарите, родителите мора да ја преземат одговорноста.- Не се поправа од воздух! Мора да се јаде помалку – сега јаде количество храна колку што јаде десетгодишно дете – велат докторите.