Замислете дека сте болни 10 години, а да не знаете која болест ја имате. Замислете како вашето тело физички се урива, додека докторите велат дека не знаат што се случува со вас.
Ова е несреќната реалност за Кети Вилсон (41), која многу време помина кај докторот. Чекала одговори, но никогаш не ги добила.
Така по 10 години нејзината состојба стана многу лоша и повеќе не можеше да оди правилно. Поминувала цел ден во кревет, спиејќи, надевајќи се дека ќе добие сила. На среќа, проблемот е конечно разрешен. Откритието не беше од медицинска страна, туку беше дијагностицирано од два човека кои дојдоа во извалкан џип.
После 10 години ноќна мора, одлучи да си обезбеди нова бања. Откако се бореше со мистериозната болест цела деценија, таа сакаше да создаде простор во кој ќе може да се отпушти. Така ги повика градежниците да проверат што треба да се направи.
Одлучиле да го средат тушот, да додадат модерни плочи и да го сменат стариот бојлер. Кога дојдоа да го отстранат бојлерот, откриле нешто што ги изненадило. Нејзиниот стар бојлер е поставен пред 10 години, но погрешно. Таа не знаеше и бојлерот постепено го пуштал отровот во нејзиниот дом.
Градителите сфатиле колку е проблемот сериозен и веднаш ја известиле Кет. Кога ја дозна оваа информација, веднаш сфати дека нејзините симптоми имаат смисла. Двајцата мажи кои немаат врска со медицината успеале да го решат проблемот што докторите не успеале.
Погледнете го ова видео и откријте ја целата приказна за овој мистериозен медицински случај: