Кога една стара пријателка на Кери и Крег Kосински им се јави и ги праша дали би можеле да се грижат за нејзините млади близнаци, тие рекоа “да”.
Тие одлучија да ги згрижат двете слатки девојчиња, а потоа деновите станаа недели, неделите месеци, а девојчињата станаа дел од семејството.
Кери и Крег отсекогаш сакаа да бидат родители, но никогаш не помислуваа дека нивното патување ќе заврши вака.
По неколку години на одгледување на Кен и Aдалин, се јавила нивната биолошка мајка, која објаснила дека се наоѓа во уште потешка ситуација. Таа имала животни проблеми и се борела да ги реши, и ги прашала дали би ги прифатиле двете две годишни близначиња Цеце и ЏејЏеј.
Помладите близнаци биле биолошките брат и сестра на Кен и Адалин. Кери и Крег размислувале долго време за тоа како да постапат правилно.
“Тоа беше многу тешка ситуација. Ние самите се обидувавме да станеме родители. А тие беа браќа и сестри и тоа не наведе да ги прифатиме – сакавме да останат заедно “, рече Кери.
Ги оставија своите лични работи на страна, и и кажале на нивната мајка дека ќе бидат многу среќни да ги посвојат и помладите близначиња.
Само неколку недели по прифаќањето на Цеце и ЏејЏеј, во семејството, Кери се чувствувала чудно и сфатила дека треба да оди на лекар. Ултразвукот покажал дека е бремена …
Погледнете го видеото:
https://youtu.be/DsdAWLQriI4