Џиџи Хадид одлично го носи хит дезенот за оваа созона

21 ноември, 20180
џиџи 0

Капутот со ретро дезен и војничките чизми се идеална комбинација за доцната есен во Њујорк.

Кафеавата боја и карираниот дезен се најголемиот хит за оваа есен. Иако облеката со оваа боја и дезен личат на гардеробата на нашите баби и прабаби, оваа година едноставно морате да ги имате. Моделот Џиџи Хадид беше забележана на улиците на Њујорк со овој модел на капут и го искомбинира со ретро модел на очила за сонце во популарната кафеава боја, панталони, Dr. Martens чизми и црна блуза со бела лента. Многу интересен е изборот на ташната која Џиџи одлучи да ја носи со оваа комбинација. Прилично неочекуваната загасита зимска ретро комбинација Џиџи ја ублажи со светлината на бојата на ташната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *