Во градот Аитолико на западот на Грција забележан е неверојатен феномен – скоро 300 метри долга пајажина, која настанала поради големата влажност во текот на летото.
Како што пренесува BBC, грмушките и тревата се целосно покриени со густи пајажини, а експертите велат дека тоа е сезонски феномен и дека го “создал” посебен вид на пајак – tetragnati, кој е познат по тоа што гради долги гнезда за парење.
Експертите наведуваат дека и поголем број на комарци можат да влијаат врз зголемувањето на популацијата на пајаците.
Професорката за молекуларна биологија и генетика на Универзитетот “Демокрит” во Тракија, Марија Чацаки, вели дека тетрагнатите не се опасни за луѓето и не можат да ја нарушат флората во тоа подрачје.
“Пајаците ќе ја имаат својата забава и ќе умрат наскоро”, додаде професорката Чацаки.