Ги ставала децата во кеси за ѓубре и пакувала во кутии, а кога ќе чуете зошто, ќе и одадете почит!

popara27 јули, 20181min00
sss

Пред крајот на животот, храбрата медицинска сестра Ирeна Сендлер ја изнесе својата неверојатна животна приказна и открила на кој начин успеала да спаси 2.500 Еврејски деца од сигурна смрт.

Ирeна Сендлер, која како медицинска сестра им се спротивставила на нацистите, спасила од сигурна смрт 2.500 еврејски деца, криумчарејки ги од Варшавското гето во мртовечки кеси, кеси за ѓубре или во кутии за алат, одвојувајќи ги од своите родители и носејќи ги на безбедни места, каде што пронаоѓала нееврејски семејства кои би ги посвоиле или заштитиле.

Оваа неопеана хероина почина во 2008 година, а нејзиниот потфат беше непознат со децении по Втората светска војна. Сендлерова самата си обезбеди законска дозвола во гетото, изработила илјадници фалсификувани документи за криумчарење на децата и им давала лажен идентитет.

Името на секое дете уредно го бележела, како и нивниот лажен идентитет, а листата со имиња од 2.500 деца ги ставила во сад што го закопала под едно дрво, надевајќи се дека еден ден по војната некој ќе го најде тој список и ќе ги спои овие деца со своите вистински родителите и ќе ги запознае со нивното минато.

Кога дознале за нејзините активности, нацистите ја затвориле и мачеле, и ги скршиле двете раце и нозе, но таа одбила да ги каже своите соработници и идентитетот на било кој дете.

Таа сосема случајно преживеала и по војната ја откопала теглата за да ги обедини децата со нивните вистински родители ширум Европа, сепак, на повеќето родители на овие деца им завршил животот во гасните комори и во нацистичките кампови на смртта.

Одликувана е со највисоки полски награди и е прогласена за национален херој, а е прогласена и за почесен граѓанин на Израел.

Пред смртта изјавила:

“Јас уште се чувствувам виновно што не можев да сторам повеќе”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag