Ги закопаа воените секири: Анџелина и Бред донесоа многу важна одлука!
Холивудските ѕвезди се договорија околу старателството над децата.
Поранешниот холивудски пар Анџелина Џоли и Бред Пит се разделија во 2016. година и оттогаш тие водат битка за старателство над нивните шест деца.
Како што сега пренесуваат американските медиуми, прекрасната актерка и Бред го откажаа судскиот процес и се на пат да постигнат договор за заедничко старателство.
Всушност, и двајцата сфатија дека ваквата ситуација само им штети на децата и се подготвени да се договорат околу старателството.
Бред десега поминуваше минимално време со децата, но тоа наскоро ќе се промени со договорот на двете страни. Бред и Анџелина се родители на 17-годишниот Медокс, 14-годишниот Пакс, 13-годишната Захара, 12-годишната Шајло и десетгодишните близнаци Нокс и Вивијан.