Рус Адам Курликејл (32), покри 90% од своето тело со тетоважи и се надева дека за неколку години ќе стигне до 99% од своето тело. За овие 90% му беа потребни 10 години. Ги тетовирал дури и очите. Вели дека таа тетоважа му е најдобра.
https://www.instagram.com/p/BfwwDYPFDRI/?utm_source=ig_embed
Адам вели дека тетоважите му помогнале да ја победи депресијата и некои други пречки во неговиот живот. Кога имал 22 години, му бил дијагностициран рак. Со месеци одеше на тешки третмани. Ја победил болеста, но неговата кожа добила чудна пигментација поради зрачењето. Тој паднал во депресија, а потоа се одлучил на првата тетоважа.