Guess чизми: Апсолутен street style хит!

27 ноември, 20180
Guess

Во Guess колекцијата на обувки преовладуваат обожаваните чизми до глужд , кои се хит и оваа модна сезона. Иако овие чизми веќе со години не се симнуваат од престолот на популарноста, оваа сезона е посебна и по интересните бои, меѓу кои се издвојуваат црната и црвената и белата како  апсолутен street style хит. Без разлика дали станува збор за топли обични модели со дебел ѓон или заводливи потпетици кои ја издолжуваат фигурата и ја нагласуваат женствената и заводлива страна, со белите чизми ќе го постигнете најмоќниот моден ефект.

Но, без разлика која боја ќе ја изберете, овој атрактивен пар на чизми лесно ќе се совпадне со дневниот и вечерниот изглед. Кожни панталони или фармерки, маица со принт или топол џемпер совршено се вклопуваат со популарните чизми до глужд или моторџискиот модел зачинет со нитни. Целокупниот изглед заокружете го со Guess капут со вештачко крзно или тренди бундите во поп-арт  стилот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *