Исфрлете ја оваа утринска навика и секогаш ќе имате убава и средена коса!

27 ноември, 20180
нн

 

Полесно е отколку што мислите!

Ако сте како повеќето жени, тогаш најверојатно најголем дел од вашето време наутро ви одзема средувањето на фризурата.

Со облекување, миење, шминка и сите останати утрински обврски, би било идеално кога не би требало да се грижите уште и за косата, и токму за тоа во прилог е необичниот совет на холивудскиот фризер Џорџ Нортвуд, чии клиенти се Роуз Хантингтон Вајтли, Алекс Чанг и многу други познати убавици.

View this post on Instagram

💭=🥐🥖🧀

A post shared by Rosie HW (@rosiehw) on

Тој тврди дека чешлањето е најлошата работа која што можете да ја направите на вашата коса кога ќе се разбудите, па препорачува да се ослободите од таа навика. „Никогаш не ја чешлајте вашата коса наутро, така само ќе ја расипате вашата фризура и ќе ја оштетите косата. Наместо да ја чешлате, обликувајте ја косата со прстите“, нагласи фризерот во едно интервју за магазинот Vouge.

Меѓутоа, ако сте една од оние на кои, секое влакно мора секогаш да им биде на свое место, тогаш можете лесно да ја исчешлате по краевите, но само по површината на вашата коса.

Доколку сакате да се разбудите со совршени локни, фризерот препорачува навечер да ја врзете косата во ниска пунџа и наутро само да ја пуштите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber