Хилари Даф се пофали со новата боја на коса која фризерите ја препорачуваат како најубав избор за оваа зима

popara4 декември, 20181min00
hilary

Познатата актерка одлучи да се збогува со популарната балајаж боја и да проба нова русокоса нијанса која и стои фантастично.

Со години наназад, имавме можност да ја гледаме Хилари Даф со балајаж нијанса што навистина одлично и стоеше. Сепак, актерката реши дека не сака да има благ премин од кафеава до руса коса, туку храбро се одлучи дека е време за големи промени.

Слатката Хилари одлучи да влезе во групата на вистински русокоси и да ја офарба косата во платинесто руса боја. Дека ова не беше наједноставната промена, потврди со фотографијата од Instagram со опис. – „Беше долг ден, но мисијата е реализирана“.

Исто така можеме да забележиме дека актерката значително ја скратила должината на нејзината коса, а причината за ова веројатно е полесното одржување и поздравата коса.