Хороскоп: Кои се критериумите по кои мажот ја избира совршената жена за него?

popara23 мај, 20181min00
6

Колку и да сте сигурни дека е случајност, судбина, љубов на прв поглед или во што и да верувате, големи се шансите хороскопскиот знак да има „замешано прсти“ во изборот.

Овен

Него му е важно да не мора да прави големи компромиси, односно бара жена која ќе биде прилагодлива на него и на која секогаш тој ќе и биде на прво место. Мажот Овен својата машкост ја гледа во потребата секогаш да биде најубав, најзгоден и најпаметен, затоа попрво би одбрал жена со помало искуство, за тој да може да е прв во дел од работите. Потребна му е жена која е полна со разбирање на неговиот темперамент и покрај која тој ќе може да биде глава на куќата. Овенот сака слаби девојки, црвенокоси или русокоси.


Бик

На овој маж од големо значење му е неговата избраничка да биде добра во кревет, но и во кујна. Можно е кујната сепак да биде пресудна. Потребна му е жена покрај која има мир и може да се опушти. Не сака кога девојките многу зборуваат и се тензични околу секоја ситница. Тој ќе одбере некоја хедонистичка душа слична на себе. Но, ако се одлучите за Бик маж, бидете подготвени вечно да се прилагодувате на неговиот испланиран и организиран живот. Тие сакаат средени девојки кои добро мирисаат, се секогаш нашминкани и добро облечени. Дури и да имате некој килограм вишок, тоа нема да им пречи затоа што облините им се слабост.


Близнаци

Овој знак првенствено бара забавна жена со смисла за хумор. Него му е потребно да се чувствува лесно и помладо од своите години, па жената која ќе ја одбере мора да е подготвена за многу авантури и промени. Досадните приказни за финансии ни малку не го возбудуваат. Потребна му е насмеана жена полна со детска наивност. Близнаците сакаат ситни девојки и слаби, но со оглед на тоа дека сакаат се да пробаат, не се задржуваат до точни карактеристики.


Рак

Ракот е во потрага по жена која во секоја ситуација ќе му биде втора мајка. Потребна му е заштитнички настроена партнерка покрај која ќе биде сигурен, а тоа да не ја намали неговата машкост. Ако не се сложувате со неговата мајка или сестра, кажете и збогум на врската. Идеалната жена мора да биде во хармонија со семејството. За Раковите важно е жената да биде добра во кујната. Исто така преферираат жени со облини, а градите им се посебно важни. Неретко бираат партнерки со светла боја на коса и очи.


Лав

Жената која ќе се согласи на врска со Лав маж треба да биде подготвена да биде публика до крајот на животот. Неговата избраничка секогаш треба да му посветува доволно внимание и константно да му угодува на барањата. Сепак, Лавот знае да биде галантен и дарежлив, па има начини на кои ќе и се оддолжи за тоа. На него му е потребна топла и емотивна партнерка, затоа што не сака студени и незаинтересирани жени. Лавовите бираат атрактивни девојки со надградби од секаков тип (нокти, коса, силикони не им пречат). Важно е да привлекувате внимание во толпата за тој да ве гледа како трофеј.


Девица

Мажот Девица бара совршена жена без маана, па можеби затоа често остануваат сами. Тука спаѓа беспрекорно готвење, пеглање, средување на куќата, но и физички беспрекорен изглед. Важно му е да имате средени нокти, фризура, шминка, затоа што овој маж ужива во естетското совршенство. Девиците не ги привлекуваат наметливи партнерки. Попрво ќе одберат слатка и харизматична девојка која по малку се срами. Физички, сакаат складни и ситни женски тела.

Вага

На моменти мажот Вага делува пофеминизиран од девојката, но тоа никогаш не смее да му го кажете ако сакате да биде среќен. Потребно е неговата избраничка да му се воодушевува на стилот и убавината. Неговата колекција парфеми ќе ја засени онаа на партнерката. Мажот Вага бара добро воспитана, грациозна и женствена партнерка со култура и манири. На него му е поважно да имате добар стил, отколку да знаете да готвите. Не го привлекуваат девојки кои изгледаат евтино, туку оние кои имаат мера во се. Кај неговата девојка мора се да биде складно и со совршени пропорции. Не обожава облини.


Скорпија

За мажот Скорпија да биде задоволен, треба да најде партнерка со бујна фантазија, подготвена за авантури, простување, но и секогаш заинтересирана за секс. На него му е потребна жена која ќе ги задоволи сите физички потреби. На моменти е љубоморен и посесивен, па затоа партнерката ќе мора да знае да одржи баланс и да премолчи. Тој тешко простува. Му се допаѓаат страствени девојки кои зрачат со енергија и сексапил. Харизмата му е поважна од облините и физичкиот изглед.


Стрелец

Него му е потребна партнерка која во секој момент ќе има доволно толеранција и разбирање и покрај која ќе може да си дозволи слобода. Љубоморните жени може да заборават на овој маж. Неговата партнерка никогаш не смее да проба да го контролира, затоа што така мажот Стрелец најлесно се оддалечува. Во суштина, него му е потребна партнерка која ќе биде во близина кога му треба, но ќе го остави на мира кога сака да биде сам. Го привлекуваат високи девојки со долги нозе, виткана и руса или светла коса.


Јарец

Потребна му е неверојатно трпелива партнерка. Тој тешко се одлучува за врска, а уште потешко за брак. Ако сепак реши да се ожени, тоа ќе биде со жена која само ќе се вклопи во неговиот животен план, а нема да го измени. Важно му е да му ги поддржувате амбициите и да имате разбирање за работите кои му се приоритетни. Мажот Јарец го привлекуваат слаби девојки, често постари, со темна коса или очи. Лесно ги забележува оние со малку погруби црти на лицето.


Водолија

Пред да ја одбере својата партнерка, мажот Водолија мора да ја знае како пријателка. Ќе ја ожени онаа која ќе се прилагоди на неговиот авантуристички дух и начин на живот. Потребна му е жена која ќе ги почитува неговите идеали и ќе се сложува со неговите верувања. Ќе се смири само со партнерка која има широки и необични погледи на светот, а не некоја која ќе му пере и пегла. Водолијата нема некој одреден тип на девојка, него го привлекува насмевката и харизмата.


Риби

Потребна му е уметничка душа која ќе го разбере и со која секогаш ќе може да фантазира и да ги споделува идеите. Ако некоја девојка се обиде да го спушти на земја и да го врати во реалноста, автоматски отпаѓа од играта. Не сака песимисти и ладни личности. Потребна му е жена која ќе верува во него дури и кога сите останати ќе се сомневаат. Мажите Риби сакаат необични девојки кои носат нешто специфично и оригинално во себе. Колку и да звучи клише, душата му е поважна од телото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag