Познатата британска убавица го посети последното почивалиште на познатиот креатор, чие заминување тешко го поднесе.
Познатата манекенка Naomi Campbell, која моментално престојува во Тунис, ја искористи можноста да го посети гробот на нејзиниот голем пријател, познатиот дизајнер Azzedine Alaïa.
Таа ја објави фотографија на Instagram со емотивна порака, откривајќи дека многу ѝ недостасува.
– Ти ми недостасуваш, „тато“. Секогаш ќе бидеш во моето срце.
Францускиот креатор, чија облека ја носеа многу светски ѕвезди, почина во ноември минатата година. Naomi честопати истакнуваше дека го доживува како татко, бидејќи својот биолошки татко никогаш не го запознала. Како што зборуваше, таа не знае ништо за него, дури ни дали е жив, бидејќи ги напуштил кога била бебе.