Полициските кучиња во Цирих патролираат во чевли со цел да ги заштитат своите шепи од врелиот асфалт, соопшти денеска градската полиција и ги покани другите сопственици на кучиња да го сторат истото со своите миленици.
Додека температурите во Цирих оваа недела продолжуваат да надминуваат 30 степени Целзиусови, кучињата и полицајците, исто така, ќе ги предупредат другите сопственици на кучиња да им облечат чевли на своите четвороножни миленици, бидејќи асфалтот се загрева до најмалку 50 Целзиусови степени и постои висок ризик од изгореници, пренесува Hina.
Поголемите кучиња сигурно треба да носат чевли, а многу малите, за кои чевлите не се произведуваат, мора да се носат во раце, предупреди полицијата.