Има 45 килограми, изела 255 ражничи, го соборила рекордот!

popara14 август, 20181min00
rrr

Една студентка од Турција, Черен Јилмаз, која има 45 килограми, изеде 255 ражничи за 23 минути и го соборила рекордот на хотелската установа во Анталија!

Покрај тоа, Јилмаз испила три чаши ајран, турски традиционален пијалок, две шишиња вода и јадела салата, јавува агенцијата Анадолија.

Илиас Демир, сопственик на угостителски објект во областа Кепез, организира натпревар за јадење на ражничи за посетителите.21 студент се пријавил на конкурсот. Јилмаз го собори рекордот и освои мобилен телефон во вредност од 5.000 турски лири (околу 870 евра), злато во вредност од 306 лири (околу 55 евра) и право на бесплатен оброк во период од четири месеци.

Таа изјавила дека аплицирала за натпреварот за да докаже дека погрешно з ја потценуваат поради нејзината тежина.

“Изедов околу четири килограми месо.За еден час бев дебела. Ќе го зголемам мојот рекорд”, одлучи Јилмаз.

Черен Јилмаз не ги изненади само сопствениците, туку и другите натпреварувачи.

Демир потсети дека претходниот рекорд го поставиа Бусра Канимоглу, која за 18 минути изеде 194 ражничи.

“Во категоријата за мажи ќе им доделиме награди на оние кои ќе изедат повеќе од 300 ражничи”, додаде тој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma